Спелеонуркачки
клуб ВрелоВрело
Локален македонски нуркачки клуб, специјализиран за техничко нуркање, спелеологија и спелеонуркање – постоиме од 2009 година. Лоцирани сме во Скопје, па затоа нашата домашна локација за нуркање е кањонот Матка
Во кањонот Матка се наоѓа една од најдлабоките и неистражени подводни пештери, од каде извира подземен извор - пештерата Врело, чија длабочина е сè уште предизвик за најголемите светски познати спелеонуркачи:
- Bartłomiej Pitala 2025
– достигна длабочина од 287м во изворот
- Kristoff Starnawski 2017
– достигна длабочина од 242м во изворот (видео)
- Luigi Cassati 2012
– достигна длабочина од 212м во изворот (видео)
Нашиот клуб беше домаќин на двете експедиции и имаше привилегија со некои од своите нуркачи да стигне до влезот на изворот.
На кратко едно видео од кањонот Матка и подводната пештера: видео