За Врело

Влезот во пештерата Врело се наоѓа на 6,5 км од браната ХЕЦ Матка кон вливот на реката и 5 до 7 метри под нивото на водата во езерото. Во нејзината внатрешност се протега подводен дел долг 427 метри во хоризонтала со благ надолен пад кој што завршува со отвор во вертикала, чие моментална длабочина достигнува 240 метри и се уште не е достигната крајната точка во пештерата.

This section is empty
This section is empty

Истражување на Пештерата Врело

Истражувањето и заштитата на подводната пештера ВРЕЛО и ретките примероци во внатрешноста се започнати во 1995 година од мешовита експедиција на странски и домашни спелеолози и спелео нуркачи. Продолжуваат во август 2000 година, кога експедицијата успеала да влезе до 425 метри во хоризонтала и во вертикала до 67 метри.

2007 година

Истражувањето на пештерата од страна на меѓуародната експедиција, во август 2007 година, се одвива во отежнати услови . Влезот во пештерата е затрупан и толку тесен, што едвај дозволува влегување на само еден нуркач. Сепак е достигната длабочина од 98 метри, во вертикала, од каде не се забележува крајната точка. Пештерата станува се поинтересна за науката и истражувачите.

2008 година

Во 2008 година македонскиот спелеонуркачки тим работи на расчистување на влезот на подводната пештера, но експедицијата е одложена за наредната година.

2009 година

Во април 2009 година е формиран Спелео Нуркачки Клуб ВРЕЛО и ги продолжуваат активностите за расчистување на влезот во пештерата и остварува поволни услови за продолжување на понатамошно истражување на подводната пештера.

Во периодот од 02.08 до 15.08. 2009 година, Спелео Нуркачки Клуб Врело организира меѓународна експедиција составена од 4 спелеонуркачи од Италија и Белгија и екипата на СНК Врело од Македонија, успева да стигне до 574 метри во внатрешноста на пештерата и да достигне длабочина од 190 метри и повторно дното е сеуште неоткриено. Аргументите од испитувањето се повеќе ја потврдуваат претпоставката на геоморфолозите дека оваа пештера може да достигне длабочина преку 320 метри, со што би била најдлабока подводна пештера во светот. Членовите на странските тимови не скриено го изразуваат задоволството и благодарноста кон македонскиот тим за создадените услови за работа на експедицијата во расчистувањето на влезот во подводната пештера. Истражувањето завршува до длабочина од 192 метри во вертикала, со консатација дека се работи за една од најубавите пештери со исклучително чиста вода, со пространи простории и фигури од сталагмити и сталактити во внатрешноста.

2012 година

Спелео Нуркачки Клуб Врело организира втора интернационална експедиција во 2012 година во која Луиџи Касати успеа да стигне на 212 метри длабочина во пештерата Врело на Матка. Во текот на оваа експедиција Луиџи откри нов премин и огромна галерија на 165м длабочина, продолжувајќи понатаму додека стига до 212м.

Во текот на оваа експедиција СНК Врело почнува да собира примероци од водата и седимент од различни точки по должината на пештерата кои се предадени во хемиска лабараториа на МАНУ за понатамошно истражување на квалитетот на водата од изворот.

2015 година

Во наредните години Спелео Нуркачки Клуб Врело организира уште две интернационални експедиции со цел да се достигне конечната длабочина на пештерата . Кристоф Старнавски во 2015 година на втората експедиција успеа да стигне до 242 метри длабочина во пештерата Врело на Матка. Со оваа експедиција Старнавски, заедно со тимот на останати Полски и Македонски спелеонуркачи ја постави пештерата Врело во еден од најдлабоките извори на Балканот. Се смета дека овој извор има уште канали кои водат кон длабочина од дури 330м, но досега е тоа неиспитано и недокажано. Со тоа пештерата Врело би била една од најдлабоките подводни пештери во светот.

Спелео Нуркачки Клуб Врело во целиот овој период се надградува и опремува за понатамошно истражување на подводната пештерата но и врши мониторинг на трите непосредно лоцирани суви пештери туристичката атракција сувата пештера ВРЕЛО , сувата пештера УБАВА и КРШТАЛНА ( која е забранета за посета на туристи).

This section is empty
This section is empty

Иднината на СНК Врело
и Убава

Во иднина СНК Врело покрај наведените активности планира да направи соработка со Д-р Маријан Темоски од Спелеолошки Клуб Златоврв кој моментално работи за Институт за нуклеарни истражувања, Дебрецен, Унгарија · Центар за изотопска климатологија и истражување на животната средина, и се користи со најновите методи за датирање на староста на водата во пештерата преку примероци на вода и карст од внатрешноста на пештерата со цел да се утврди периодот на формирање на пештерата.

This section is empty

Историја Врело

Експертизи

Нивните експертизи заедно со локална подршка се икористени за поставување на линија т.е. маркација по целата должина од 427 метри и длабочина  до 242 метри со што во голем дел се олеснува и намалува ризикот за сите следни истражувања.  Исто така е направено картографирање и изработена е Мапа за целиот истражен простор во пештерата со која истражувачките тимови многу полесно може да се фокусираат на одредени делови во пештерата т.е. галерии и да го спроведат потребното истражување или мониторинг. Понатаму направени се во неколку наврати хемиски анализи на водата и седимент од различни позиции во изворот ,во интервал од 2012 до 2022 година и резултатите се идентични.  Последователно на овие истражувања спроведен е мониторинг на проток на вода на влезот на пештерата односно местото каде водата од изворот се меша со водата од езерото Матка т.е. водата од реката Треска и се спроведува еднаш годишно во интервал од 2013 до 2022 година во соработка со Управата за Хидрометеоролошки Рабoти. 

Предизвици

Најголем предизвик во истржувањето на подводната пештера Врело представуват константните одрони кои се постојани и очекувани во карсниот предел Кањонот Матка,и преставуваат потенцијална опасност влезот во пештерата да се затвори при поголем одрон. За таа цел СНК Врело низ годините спроведува акции за подводно чистење  и врши мониторинг на влезот од подводната пештера уште од 2009 година .СНК Врело има обезбедено опрема и има развиено неколку техники на подводно расчистување на одроните непосредно пред влезот и располага со докази дека постоел и алтернативен влез во непосредна близина кој веќе е затворен по природен пат.

Исто така голем предизвик представува намалувањето на рибниот фонд во езерото Матка и воедно во изворот. Во почетоците на истражувањата на подводната пештера Врело од страна на сите досегашни истражувачи е забележано присуствота на големи јата на риби пред влезот на пештерата но и во некои од почетните галерии во пештерата. Салмон Трутта Мацедоникус (Пастрмка Поточарка) е афтохтон вид на риба забранет за лов во езерото Матка и по потечението на река Треска.  Протеус Ангиниус Олм( триножец, тритон) е вид саламандер кој често се наоѓа во длабочините на подводните пештери и е предизвик за истражување .

Во иднина СНК Врело покрај наведените активности планира да направи соработка со Д-р Маријан Темоски  од Спелеолошки Клуб Златоврв кој моментално работи за Институт за нуклеарни истражувања, Дебрецен, Унгарија · Центар за изотопска климатологија и истражување на животната средина, и се користи со најновите методи за датирање на староста на водата во пештерата преку примероци на вода и карст од внатрешноста на пештерата со цел да се утврди периодот на формирање на пештерата. Проценка на моменталната  состојба на останатите 3 суви пештери од системот во непосредна близина е исто така во склоп на ова истржување. Идентификувањето на деградираните пештерски екосистеми е неопходно за преземање идни мерки за еколошка реставрација и зачувување, спроведени од управите на природните паркови.

Како резултат на поставената маркациска линија и изработката на мапа за подводната пештера Врело , во последниве години голем број на спелео нуркачи се заинтересирани за посета на Врело не само поради истражување туку со целе да ја искусат убавината на изворот а и воедно Кањонот Матка. Голем дел од спело нуркачките тимовите кој досега барем еднаш ја искусиле пештерата , не ги кријат своите импресии дека е ова една од најубавите подводни пештери кои десега ги посетиле. Имено ширината на галерите во Врело во комбинација со кристално чистата вода се сонот на секој спело нуркач, особено оние нуркачи кои се во почетокот на совладување на техниките во спело нуркањето. Низ разговори со меѓународните тимови дознаваме дека изворот Врело нуди уникатна можност за почетните спело нуркачи на што е можно по безбеден пат да го изведат својот прв пештерски зарон. Причината за тоа е Салата Пеони која е на 150м должина од влезот и  има огромен воздушен џеб и допринесува во намалување на ризикот за почетните спело нуркачи. Но исто така одржувањето (расчистување на одрони)пред влезот на подводната пештера, мониторингот на маркационата линија и надградувањето на мапата а воедно и нашето присуство, како локални активни спело нуркачи, во голем дел придонесува за намалување на ризикот во пештерското нуркање.

Хемиски анализи

Во однос на хемиските анализи на водата од изворот, Ману известува дека примероците од вода и седимет земни од различни точки на должина и длабочина во пештерата, укажуваат дека хемискиот квалитет на водата е во рамниште на моменталните извори кои се користат за снабдувње со вода на градот Скопје. Нема присуство на тешки метали но има присуство на бактериолошко загадување кое може да е последица на присуство на фекални канализации јами кои понираат во земјата и во некој дел од потечението на подземниот извор се мешаат со подземните води. Можно е истото да се случува поради постоење на сточарски фарми на локации по потеченито на изворот и исто така можно е колониите на лилјаци кои се стални жители на пештерите да придонесуваат за бактериолошкото загадување на водата во изворот. Покрај се МАНУ  смета дека сепак постои начин водата од изворот да биде третирана и да се доведе до ниво на вода за снабдување на градот Скопје во случај на потреба од алтернативен извор. Од исходот на ова истражување кое е изведено во 2012 година ЈП Водовод го става изворот како алтернативна опција за снабдување со вода. СНК Врело во изминатите години  собра примероци од вода и седимет и во соработка со хемиската лабараторија на институтот за храна и ветеринарство изврши  анализа и дојде до идентични резултати. Последното истражување е  извршено во Март 2022 година.

Според спроведениот мониторинг на проток на вода на влезот на пештерата односно местото каде водата од изворот се меша со водата од езерото Матка ,во соработка со Управата за Хидрометеоролошки Рабoти заклучено е следново: Опремувањето со автоматски онлајн инструменти секако е иднината на мониторингот на подземните води, а опремувањето на станиците со дигитални мерни рекордери ќе ја олесни работата и контролата на податоците, што ќе доведе до квалитетни и сигурни податоци. Со модернизација на мониторингот директно би се добиле нови податоци и информации и тоа достапни 24/7, 365 дена во годината. На овој начин би имале иннформации од терен и би можело да се алармира за одредени опасности предизвикани од висок водостој на подземните води. Редовната контрола на подземната вода би дала насоки на влијанието на промените на температурата врз земјата и почвата, но и за првични информации за различни влијанија врз водните ресурси. Температурата на водата дава директна информација за евентуалните варијации на климата во регионот (актуелни климатски промени).

Бактериолошката загаденост

Бактериолошката загаденост на водата од горе наведените предпоставки директно го загрозува опстанокот на Протеус Ангиниус Олм ( триножец, тритон вид саламандер ) кој често се наоѓа во длабочините на подводната пештера. Истот така популацијата на Салмон Трутта Мацедоникус (Пастрмка Поточарка) е забележливо намален, но тоа се должи на незаконското ловење на истата а и во голема мера се должи на постојаната вариација на нивото на водата во езерото Матка за потребите на компаниите за производство на ел.енергија, со што се попречува мрестот  на рибата во езерото. СНК Врело спроведува неколку пати во годината еко акции за расчистување на езерото од мрежи и останат отпад . Во дискусиа со еколошки друштва од земјава во врска со

резултатите од мониторингот СНК Врело дојде до идеја и се припрема во наредните години да изврши детално истражување за можноста мрестот на пастрмката да се одвива во подводната пештера поради константната вариација на нивото на водата во езерото Матка.

По инцијатива на Д-р Мaријан Темовски, за изработка на студија за настанокот на подводната пештера Врело, СНК Врело наскоро ќе почне  со прибирање на примероци од  Сала Пеони која се наоѓа на 150м хоризонтално од влезот на пештерата. Ова е воздушен џеб во пештерата преполн со карстни делови, сталагмити и сталактити. Визуелно наликува на сувата пештера Туристичка, но посебната убавина во салата е водниот дел, кој е кристално чиста. Резултатите од студијата се очекува да привлечат внимани на голем број научници од светот. Воедно Д-р Мријан Темовски  во соработка со СНК Врело ќе направи проценка на деградација на целиот пештерски систем вклучувајќи ги трите суви пештери во непоследна близина. Проценката на деградацијата на пештерите во Кањонот Матка може да биде предизвик поради различните штетни активности: експлоатација на минерални суровини, туризам без надзор, развој на патната мрежа, навредливо уништување на шумите итн.

Спелеонуркачкиот клуб Врело од Скопје е присутен и активно зема учество во заштитата и промоцијата на убавините на Кањонот Матка , езерото, пештерите и живиот свет и ги нуди сите свои експертизи, ресурси и контакти за да придонесе за популарноста на оваа уникатна локација, да ја зачува убавината на својот биодиверзитет. Мора да се напомене дека државата и надлежните институции  во изминатве години не посветуваа доволно внимание и грижа за Споменикот на Природата Кањонот Матка и убавините кои ги поседува.  Со надеж дека работите ќе земат поинаков тек во иднина, СНК Врело несебично стои на располагање со сите свои ресурси и заедно со сите релевантни институции и организации ќе продолжи да се бори за зачувување и адекватна промоција на Кањонот Матка и подводната пештера Врело.