Добредојдовте во
Клуб ВРЕЛО

ВРЕЛО, ТРИТОН 2023 Матка, Скопје

Спелеонуркачки
клуб ВрелоВрело

Локален Македонски нуркачки клуб, специјализиран за техничко нуркање, спелеологија и спелеонуркање – постоиме од 2009 година. Лоцирани сме во Скопје, и затоа нашата домашна локација за нуркање е кањонот Матка

Во кањонот Матка, се наоѓа една од најдлабоките и неистражени подводни пештери, од каде извира подземен извор, пештерата Врело, чијашто длабочина е сè уште предизвик за најголемите светски познати спелеонуркачи:

  • Luigi Cassati 2010
    – достигна длабочина од 212м во изворот (видео)
  • Kristoff Starnawski 2015
    – достигна длабочина од 242м во изворот (видео)

Нашиот клуб беше домаќин на двете експедиции и имаше привилегија со некои од своите нуркачи да стигне до влезот на изворот.

На кратко едно видео од кањонот Матка и подводната пештера: видео

Пештера
Врело

Нуркајќи околу 192m во огромната подводна пештера Врело, меѓународен тим нуркачи и спелеолози ја истражуваше внатрешноста.

Екипата составена од 13 члена, составена од италијански, белгиски и македонски нуркачи, верува дека пештерата е всушност подлабока од пријавената, но мораше да се откаже по десетдневната мисија поради матната вода предизвикана од поројните дождови.

Кристоф Старнавски2015 - 242m Луиџи Касати2013 - 212m -40m / -50m

-40m / -50m -242m Сала Пеони Трет бајпас Галерија Greencard Twilight zone Луиџи Касати 2013 - 212m Кристоф Старнавски 2015 - 242m

Затвори
 news

1. Сала Пеони

Сала Пеони се наоѓа на 120м хоризонтално од влезот на пештерата. Ова е воздушен џеб во пештерата и преполн со карстни делови, сталагмити и сталактити. Визуелно наликува на сувата пештера Туристичка, но посебната убавина во салата е водниот дел, кој е кристално чист. За сите спелонуркачи овој воздушен џеб служи и како место за одмор, после долги експедиции во пештерата.

 news

2. Трет бајпас

Трет бајпас се наоѓа на околу 200м хоризонтално од влезот на пештерата. Ова е тесен премин и се претоставува дека огромниот карстен дел во него е создаден од мешањето на струите, односно водата која доаѓа од самиот извор Врело и првите канали од подводната пештера во кои има делумно и вода од езерото. Кога изворот е слаб, нема мешање на овие води од два различни правци, а кога има силен извор тогаш има и силна струја во спортивен правец. Ова е најдлабокиот дел од пештерата пред Twilight zone.

 news

3. Галерија Greencard

Самата галерија е една од поубавите места во подводната пештера и плени со убавината на самокреираните рељефни убавини. Патот до неа е предизвик за секој спелеонуркач бидејќи има тесни и тешко поминливи делови, но лавиринтскиот впечаток дополнително додава на подводната убавина. Се наоѓа на 300м хоризонтално од влезот на пештерата.

 news

4. Twilight zone

Oваа е делот од пештерата од каде се смета дека почнува изворот, кој би можеле да го замислиме како вертикална цевка, односно цилиндар. Попатно има големи премини и галерии, но секако води накај најголемите длабочини на изворот. За секој спелонуркач претставува предизвик, бидејќи под себе гледаш бесконечно дно кое незнаеш до каде води, од таму и името на локацијата, Twilight zone. Се наоѓа на отприлика 400м хоризонтално од влезот на пештерата.  

 news

5. Луиѓи Касати

Oваа локација е местото на 212 метри длабочина каде успеа да стигне Луиџи Касати во 2012 година на првата светска експедиција на пештерата Врело на Матка. Во текот на оваа експедиција Луиџи откри нов премин и огромна галерија на 165м длабочина, продолжувајќи понатаму додека стигна до 212м.

 news

6. Кристоф Старнавски

Оваа локација е местото од 242 метри длабочина каде успеа да стигне Старнавски во 2017 година на втората експедиција на пештерата Врело на Матка. Со оваа експедиција Старнавски, заедно со тимот на останати Полски и Македонски спелеонуркачи ја постави пештерата Врело во еден од најдлабоките извори на Балканот. Се смета дека овој извор има уште канали кои водат кон длабочина од дури 330м, но досега е тоа неиспитано и недокажано. Со тоа пештерата Врело би била една од најдлабоките подводни пештери во светот. 

Курсеви и сертификати

Рекреативно нуркање

 news

Bubblemaker

Доживејте ја магијата на подводниот свет како вистинска риба.

  • ±30 мин обука, ±30 мин нуркање
  • Постари од 8 години
  • Базен
 
 news

Пробно нуркање

Откријте го шареноликиот и богат подводен свет одблиску!

  • ±1 час
  • Постари од 10 години
  • Базен
 
 news

Discover Scuba Diving

Не сте сигурни дали нуркањето е за вас? Пробајте го пред да се посветите на целосен курс! 

  • 1 ден
  • Постари 10 години
  • Училница, базен, нуркање на отворено
 
 news

Scuba Diver (лиценца за нуркање)

Сакате да се стекнете со меѓународно признат PADI сертификат, но немате доволно време за Open Water курс? 

  • 2-3 дена
  • Постари од 10 години, пливачи
  • Училница, базен, нуркање на отворено
 
 news

Open Water Diver

Сакате да се стекнете со меѓународно признат PADI сертификат за нуркање кој важи доживотно и насекаде во светот?

  • 4-5 дена
  • Постари од 10 години, пливачи
  • Училница, базен, нуркање на отворено
 

Техничко нуркање

 news

Advanced Open Water Diver

Овој курс ви овозможува да ги унапредите своите нуркачки вештини преку пет авантуристички нуркања, без потреба од училничка настава.

  • 2-3 дена
  • PADI Open Water Diver
 
 news

Emergency First Responder (Прва помош)

Овој курс е дизајниран да ги зголеми вашите вештини за справување со итни медицински случаи, при што ќе научите како да реагирате смирено и ефикасно во критични ситуации.

  • ±1 ден
 
 news

Rescue Diver (Нуркач спасител)

Овој курс е дизајниран за нуркачи кои сакаат да ја зголемат својата самодоверба и да стекнат вештини за справување со итни ситуации под вода.

  • 4 дена
  • Advanced Open Water Diver, постари од 12 години
 
 news

PADI Master Scuba Diver

Најдете се помеѓу нуркачката елита, постанете Master Scuba Diver. 

  • Прва помош, PADI Rescue Diver, 5 PADI специјалности и 50 заведени нуркања
 

Новости


Сите

 news

Mеѓународна експедицијата Врело 2010

Меѓународната експедиција за истражување на подводната пештера Врело на Матка официјално стартуваше на 10 јули кога во Македонија пристигне екипата од Италија, предводена од познатиот спелеонуркач Луиѓи Касати кој минатата година во Врело отиде во длабочина од 190 метри.

Повеќе
 
 news

НУРКАЧКИ АВАНТУРИ – Тимот на клубот Врело во Мали Лошињ, Хрватска

Прошетка низ подводната историја на Јадранот – нуркачкиот рај на Мали Лошињ

Повеќе
 
 news

Пелистер, Големо езеро 2010

Викендот на 18 и 19 септември 2010 година, спелеонуркачкиот клуб "Врело", во соработка со Национален парк Пелистер и со дозвола од Министерството за животна средина, нуркаше во Големо езеро, едно од Пелистерските очи под врвот Пелистер на планината Баба.

Повеќе