Изберете јазик

Продолжува проектот за истражување на подводната пештера ВРЕЛО

Спелеонуркачкиот Клуб “Врело“ во соработка со врвни спелео нуркачи од Италија и Белгија го продолжува проектот за истражување на подвотната пештера ВРЕЛО лоцирана по течението на реката “Треска“, во рамките на Националниот Парк “Матка“ крај Скопје.

Покрај истражувачката вредност и значење, овој проект представува национално богатство во смисла на обидот пештерата ВРЕЛО да стане најдлабоко истражената подводна пештера во светот. На таков начин Република Македонија ќе запише на светската мапа уште едно многу важно природно-научно поглавје.

Накусо, во досегашните експедиции за истражување на пештерата се постигнати следните резултати:

vrelo2• 2007 година: Марк Вандермуелен со тимот достигнува – 100 m во длабочина и дотогашните 500 m во хоризонтала;
• 2009 година: Марк Вандермуелен со тимот и Луиџи Касати со тимот достигнуваат – 192 m и откриваат канал кој што води уште надолу. Ова го става изворот на листата за потенцијално најдлабока подводна пештера во светот. Врело се наоѓа на повеќето форуми за подводни пештери и предизвикува интерес меѓу спелеонуркачите ширум светот. Тука за првпат и Македонија учествува со свои претставници;
• 2010 година: експедиција составена од истиот тим продолжува со истражувањата. Откриена е галерија на 165 m која води во хоризонтала, достигната е длабочина од – 212 m што ја искачува Врело на 5. место на листата од најдлабоки подводни пештери во светот до каде што се симнал човек, прво место на балканот и второ место во Европа;
• 2011 година: експедицијата продолжува само со македонскиот тим, земени се примероци од вода и седимент од различни локации и длабочини и воздух од Сала Пеони, предадени се во МАНУ за анализа.
За оваа година предвидуваме настанот да претставува мисија во смисла на повторно истражување на светското чудо – подводната пештера ВРЕЛО, со цел:

• да се спуштат нуркачите над 220 m и да ја достигнат најголемата длабочина, со што ВРЕЛО станува најдлабока подводна пештера во светот истражена од човек;
• да се обидат да допрат до нова подводна галерија на длабочина од -165м;
• да истражат сосема нов крак во пештерата кој се наоѓа на 500м од влезот и води вертикално нагоре.

Тимот од Белгија предводен од Марк Вандермулен е веќе пристигнат и заедно со нуркачите од Врело деновиве се подготвува теренот за големите нуркања. Поставени се боци на контролните точки по должината на пештерата до 250м во внатрешноста и длабочина до 110м, направена е проверка и поправка на линијата која го означува патот во пештерата.

Италијанскиот тим предводен од Луиџи Касати се очекува да пристигне во недела на 22.07.2012