Викендот на 18 и 19. Септември 2010 година спелеонуркачкиот клуб ВРЕЛО во соработка со Национален парк ПЕЛИСТЕР и со дозвола од министерството за животна средина, нуркаше во Големо езеро, едно од Пелистерските очи под врвот Пелистер на планината Баба. Целта на нуркањето беше прибирање на примероци од вода од повеќе точки на различна длабочина за потребите на Хидро-метеоролошкиот завод на Македонија.
Примероци беа обезбедени, но при тоа членовите на клубот дојдоа до уште едно интересно откритие. Долж брегот на езерото, на длабочина од само 2-3 метри беа пронајдени остатоци од пешадиско оружје, најмногу рачни бомби, гранати, остатоци од пушки, бајонети шлемови и други предмети кои според првичните сознанија потекнуваат од првата и втората Светска Војна.
За постоење на оружјето беа известени надлежните служби.