На 22 март на локалитетот Матка , пред манастирот Св. Андреа, нуркачите од СНК „Врело“ во соработка со НВО „Натива“ – Матка го одбележија светскиот „Ден на водите“ со еднодневна ЕКО акција за подводно чистење на водите во езерото Матка . Во лоши временски услови , под снежни врнежи и ниска температура , нуркачите од СНК „Врело“ извадија дел од отпадот под студената вода на езерото , со цел да се испрати порака до домашната и светска јавност дека треба да се надминат лошите навики за исфрлање на отпадот во водите.