Изберете јазик

Клуб

Статут на клубот
Овде може да го превземете Статутот на клубот.

Биографија

Стручно ангажирање на проекти:

  • Проширување на отворот на потопената пештера Врело 2008-2009
  • Организација на меѓународна експедиција за истражување на потопената пештера Врело 2008-2010
  • Македонско –Белгиска експедиција во пештерата кај ивор на река Бабуна
  • Чистење на езеро Матка, во околина на манастирот св.Андреа Чистење на Мавровско езеро
  • Санирање на брана Матка
  • Биолошко испитување на водата понорница и седиметот од масивот на Патишка река
  • Медиумска промоција на потопената пештера Врело
  • Подморницата Немо, 2010
  • Интервенција за вадење на давеници од Тиквешко езеро
  • Биолошко испитување на вода и седимент од Големо езеро, Национален парк Пелистер 2010
  • Обука за деминирање 2011 Чистење отпад од Охридско езеро 2011, струшки регион

Членки на:

  • Спелеолошка Федерација на Македонија
  • Македонско-Словенска соработка
  • Сојуз на планинарски спортови на Македонија
  • GUWAA – Global underwater awareness association

Соработка со институции

  • Град Скопје
  • МАНУ
  • Министерство за заштита на животна средина и просторно планирање
  • Министерство за култура
  • Хидрометеролошки завод
  • Природно научен музеј на Македонија
  • ПМФ
  • Општина Сопиште
  • Агенција за заштита и спасување
  • МВР
  • Национален парк Пелистер
  • Јавно приватно претпријатие Јасен
  • НВО Археологика
  • Национален институт за археологија, Албанија

Мисија

  • Истражување и заштита на водите во Република Македонија
Често Поставувани Прашања

Што е потребно да се посетува обуката?

Ние бараме да сте во добра здравствена состојба, да знаете да пливате и да имате желба за напорна работа. Ние ќе ве обучиме за останатото.

Дали нудите работа?

Не. Но има можност ако некој член на клубот најде фондови од различни организации, може да добие одредени финансиски кредити за сработената работа.

Дали нудите организирани тури?

Да, нудиме тури. Ве молиме контактирајте го клубот најмалку две недели однапред за да ја закажете турата.

Дали треба да бидам нуркач за да станам член на клубот?

Не. Со задоволство ги прифаќаме сите оние заинтересирани за овој спорт.

Дали нудите финансиска помош за обука?

Не. Но ако некое лице донесе финансиска помош во клубот, во зависност од висината на износот ќе добие одредена обука.

Како може да платам за обуката?

Може да платите во готово или на трансакциска сметка.

Колку пари ми се потребни да започнам со овој спорт?

Цената за првичната обука изнесува 270 €.

Дали нудите опрема за обуката?

Ние ја обезбедуваме целосната опрема за сите обуки.

Каде се изведуваат обуките?

Два дена обуката е во затворен базен, а последниот ден во езеро.

Каде во Македонија може да набавам опрема за нуркање?

Може да купите или нарачате опрема со снижување преку нас. Ние имаме лимитирана опрема на лагер и ве советуваме да не контактирате пред да одлучите да купите опрема.

Дали може да изнајмам опрема од клубот?

Да, може, но има одредени ограничувања во однос на количина и времетраење.

Дали има старосна граница за да се занимаваш со овој спорт?

Минимална старосна граница за овој спорт е 10 години.