Во својот најнов обид да отиде што подлабоко во подводната пештера Врело, Луиѓи Касати се симна на длабочина од 112 метри, што е и негов рекорд кој го има постигнато во пештера во Италија. Подлабоко не можел да отиде од причина што пештерата повторно на оваа длабочина се поделила на два крака. Освен тоа, поради обилните врнежи изминативе денови видливоста во целата пештера била многу лоша, а згора на тоа од големиот притисок му прснала и ламбата на светлото така што не можел да се ориентира каде понатаму да нурка.
До оваа длабочина тој дојде по речиси три часа нуркање, а уште толку трае и процесот на враќање, односно, декомпресија.
Со својата морфологија, нашата пештера Врело излегува дека е многу тешка и комплицирана за нуркање и не може многу брзо да се истражи. Тешка е од причина што додека да се дојде до одење во длабочина мора прво да се помине пат во хоризонтала од 420 метри, до салата наречена Зона на самракот, за потоа да се нурка во длабочина, каде на 130 метри се дели на два крака, а според неговите најнови наоди, на 212 метри таа повторно се дели на два крака.
Со најновиот резултат на Касати, Врело практично го дели второто место на пештери во Европа во кои човек влегол најдлабоко со италијанската пештера Врело на Горгаца.