Ова е една од 10-те еко акции предвидени за ова лето, под наслов “За да не се срамиме пред нашите поколенија за загадените води и уништената природа”.
Нуракчите на спелео-нуркачкиот клуб “Врело” од Скопје, нуркачи од Охрид, Кавадарци и Битола успешно реализираа спуштање низ езерото Матка од подводната пештера Врело се до местото викано Широко езеро (на половина од браната до пештерите) со цел на лоцирање и означување на подводен одпад, и негово понатамошно отстранување. Акцијата ја реализираа нуркачи кои беа помогнати со повеќе член логистички тим и два моторни чамци.