Изберете јазик

Нуркање

PADI Почетни курсеви

Bubblemaker

nurkanje_skolaНаучете како да го гледате подводниот свет како риба и скокнете во PADI Bubblemaker програмата денес! Нурнете со инструкторот и пливајте под вода. Што вклучува програмата? По кратко објаснување како да се биде под вода, време е да се нурнете во безбедните води на базенот!

Траење: ±30мин обука, ±30 мин. Нуркање;
Минимална возраст 8 години;
Место: базен

Пробно нуркање

Под површината Виеќе се сретнете со шаренолики-от и богат подводен свет. Бидете чекор поблизу до нуркањето со нив, со пробното нуркање.

Траење: ±1 час
Услови: постари од 10 години
Место: базен

Discover Scuba Diving

Не сте сигурни дали сте за цел курс? Сакате да ги пробате водите прво? Тогаш овој еднодневен курс е совршен и ќе Ви важи доколку се решите да продолжите понатаму!

Што вклучува програмата?
По кратка сесија во училница и неколку инструкции во базен, следува нуркање во  отворена вода со вашиот инструктор.

Вклучена е комплетна опрема и PADI Discover Scuba Diving сертификат на крајот од курсот

Траење: 1 ден
Услови: постари од 10 години
Место: училница, базен, нуркање на отворено

Scuba Diver (лиценца за нуркање)

Сакате да се здобиете со меѓународно признат  PADI сертификат за нуркање додека сте на одмор а немате доволно време за Open Water курс?

Зошто да не постанете Scuba Diver?
Оваа квалификација ќе Ви овозможи нуркање на длабочина до 12м во присуство на професионален нуркач.
Обуката вклучува: комплетна опрема, DAN нуркачко осигурување, нуркачка книшка (логбук) и PADI сертификат.

Траење: 2-3 дена
Услови: постари од 10 години, пливачи
Место: училница, базен, нуркање на отворено

Open Water Diver

Сакате да се здобиете со меѓународно признат  PADI сертификат за нуркање кој што ќе ви важи доживотно и насекаде во светот?

Обуката се состои од комбинација на теорија на нуркање, совладување нуркачки вештини и нуркање на отворено и е изведувана од меѓународно признат PADI инструктор.

Оваа квалификација ќе Ви овозможи независно нуркање со вашиот партнер на длабочина до 18м, без надзор на професионален нуркач и насекаде во светот.

Обуката вклучува: комплетна опрема, DAN нуркачко осигурување, материјали за учење, нуркачка книшка (логбук) и PADI сертификат.

Траење: 4-5 дена
Услови: постари од 10 години, пливачи
Место: училница, базен, нуркање на отворено

Advanced Open Water Diver

Се што е потребно за да се здобите со оваа квалификација е да направите 5 нуркања и проверка на знаење во 5 различни специјалности без воопшто да стапнете во училница.  Длабоко нуркање и подводна навигација се задолжителни, а останатите 3 специјалности по Ваш избор.

Со добивање на овој сертификат ќе бидете квалификувани да нуркате до 30м длабочина и заслуга кон било која од специјалностите што сте ја завршиле за време на напредното нуркање.

(Напомена: за студенти на возраст од 10-12 години длабочината е ограничена на 21 м)
Траење: 2-3 дена
Услови: PADI Open Water Diver или еквивалент од  друга организација.

Emergency First Response (Прва помош)

Ова е идеален курс доклоку сакате да продолжите со обука и се здобиете со Rescue Diver  сертификат па ви е потребно да се здобите со основни вештини и познавања од прва помош или едноставно сакате да ги зголемите способностите да се справите со итни медицински случаи во секојдневниот живот.

За време на курсот ќе научите како да се справите при итни случаи низ комбинација од предавања и практични вежби од областа на прва помош.

Траење:   ± 1 ден

Rescue Diver (Нуркач спасител)

Доколку сакате да ја зголемите Вашата самодоверба и истовремено да бидете во состојба да им помогнете на другите, тогаш ова е вистинскиот курс за Вас.

Преку овој курс ќе се запознаете со нова теорија за нуркањето, нови вештини, вежби во плитка вода пред  да се впуштите во отворена вода каде што ќе треба да реагирате на сценарио каде што ќе треба да примените се што сте научиле до сега. Ова е сериозна забава и задолжителен курс за сите оние што планираат да ги продолжат своите нуркачки искуства.

Со здобивање на оваа квалификација Вие ќе бидете во состојба да си помогнете себе си и на другите за време на нуркањата како и да бидете логистика при секое нуркање. Со здобиената самодоверба ќе откриете ново ниво на уживање при нуркањето, а како сертифициран нуркач спасител Вие сте на само еден чекор од статус на Master Scuba Diver или почеток на професионална нуркачка кариера.

Траење: 4 дена
Услови: Advanced Open Water Diver
Постари од 12 години

PADI Master Scuba Diver

nurkanje_skolaНајдете се помеѓу нуркачката елита, постанете Master Scuba Diver. Со највисоката непрофесио-нална нуркачка квалификација Вие се издвојувате како еден од најдобрите.
Откако ќе постанете Rescue Diver, завршите 5 специјалности и направите вкупно 50 нуркања, Вие сте кавлификувани да се здобиете со оваа лиценца.

Како Master Scuba Diver, Вие имате покажано вештина, искуство и компептентност во нуркањето и како такви, Ваштите способности секогаш ќе бидат на високо ниво овозможувајќи Ви ги сите видови на нуркања достапни и изводливи.

Услови: Прва помош, PADI Rescue Diver, 5 PADI специјалности и 50 заведени нуркања