Десетици килограми пластичен и метален отпад е изваден при подводното чистење на Мавровското езеро кое се случуваше викендов.
Спелеонуркачкиот Клуб “Врело“ во соработка со врвни спелео нуркачи од Италија и Белгија го продолжува проектот за истражување на подвотната пештера ВРЕЛО лоцирана по течението на реката “Треска“, во рамките на Националниот Парк “Матка“ крај Скопје.
Нуракчите на спелео-нуркачкиот клуб „Врело“ и членовите на нуркачкиот клуб „Акватек“ лоцираа и извадија шишиња, пластични ќеси, метални конзерви од пијалоци и храна, рибарски мрежи и многу друг ситен смет од езерото.
Се чистеше на локацијата „Црн камен“ помеѓу селата Леуново и Никифорово, а поддршка на оваа акција дадоа и заменик- министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски, градоначалникот на општината Маврово и Ростуше и Националниот парк Маврово.
Целта на ваквите акции е да ја разбудат еколошката свест на локалното население и туристите бидејќи во екот на туристичката сезона се очекува и поголема загаденост на речните сливови на поголемите туристички дестинации во Македонија. Нуркачите од „Врело“ и од „Акватек“ апелираа и до своите колеги од останатите нуркачки клубови да се приклучат во понатамошните подводни чистења.


Следни за чистење, како што најави Кире Ангелески, претседател на спелеонуркачкиот клуб Врело, се езерото Матка, Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро.