СНК „Врело“ во соработка со ЗГ „Натива“- Матка, НК „Пена“ и „4 СЕЛЕКТ“ со организирана акција за подводно чистење на езерото Матка ќе го одбележат светскиот Ден на водите 22- ри март.
Целта на оваа манифестација е да се испрати порака до јавноста за алармантна состојбата на загаденост на водите во земјата и светот.
Водата, и ако, природно припаѓа и е неопходна на целиот жив свет на Земјата, а во хумани рамки, пристапот до чиста вода се дефинира како основно човеково право, еднакво на правото на воздух, сведоци сме на крајно загрижувачката состојба во која се наоѓаат водите во нашата земја. Ѓубрето кое се продуцира во најголема мера е неразградливо и со овој капацитет на депонирање, е веќе извесно дека за многу кратко време Кањонот ќе се претвори во депонија. Чистата вода е исклучива одговорнсот и обврска на луѓето.
Активностите на членовите на СНК „Врело“ и НК „Пена“ ќе се одвиваат во езерото пред манастирот Св.Андреа, со следната динамика:
- 09:00 часот ќе започне подготовката на нуркачите ;
- 10:00 часот ќе влезе првата група нуркачи за да извадат еден од потопените чамци во езерото;
- 10:30 часот ќе влезе втората група нуркачи за да извади дел од отпадот што се наоѓа на дното од езерото и ја загрозува животната средина на подводниот растителен и животински свет;
- 11:00 часот ќе стартува третата група нукачи со истата задача како и претходните;
- 12:00 часот завршува акцијата на нуркачите.
Активностите на членовите на ЗГ „Натива“- Матка и 4 СЕЛЕКТ ќе се одвиваат во главното јадро, односно долж кајакарската патека и од страната на патеката која води кон манаситрот Св. Никола Шишевски, со следната динамика:
- 09:00 часот собирно место на паркингот кај Кајакарскиот мост и координација на групите за чистење на отпадот;
- 09:30 часот започнување со собирање и селекција на отпадот и земање примероци за испитување на квалитетот на водата од езерото Матка и реката Треска;
- 12:00 часот завршување со акцијата.
По завршување на планираните активност, двете групи ќе се обединат на просторот пред манастирот Св. Андреа, каде ќе бидат сумирани резултатите од спроведените активности.
Во спореведувањето на активностите се очекува и поддршка, односно вклучување на Јавното Комуналното Претпријатие Скопје, со цел да го преземе насобраното ѓубрето.
Претседател на СНК „Врело“
Киро Ангелески